Др Силвија Богоевска избрана е за нов член на Совет на Општина Велес по оставката на досегашната Менка Андреева од ВМРО ДПМНЕ

Специјалистката по гинекологија и акушерство др Силвија Богоевска, која воедно е и началничка на истоименото Одделение во ЈЗУ Општа болница Велес ја замени партиската колешка Менка Андреева во Советот на Општина. Богоевска од денеска е член на велешкиот општински совет од политичката партија ВМРО ДПМНЕ. Како нов член, Богоевска, даде свечена заклетва на 63 седница којашто се одржува денеска во Електронска сала на општината.

Претходно претседателот на Совет на Општина Велес, Даниел Јаневски, констатираше дека прифатена е оставката и престанокот на мандатот на досегашната советничка Менка Андреева поради неспоивост на функцијата член на Совет на Општина со нејзиното именување за директорка на Инспекторатот за употреба на македонски стандарден јазик. Јаневски констатирањето на мандатот на Богоевска го стори на предлог и по изјаснувањето на Верификационата комисија на Советот.
Убавка Јаневска
