Државата со Општина Кавадарци склучи договор за отворање на Дом за стари лица, Росоман го нема на списокот за државна градинка

Објавено: 7 август, 2025, во 16:59 часот

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани потпиша договори за изградба и адаптација на објекти за социјална и детска заштита со осум општини.

Во Вардарски регион, министерот потпишал договор со Општина Кавадараци за отворање на Дом за стари лица со капацитет од 65 корисници. Тоа е единствената општина со која ова министерство потпишало договор за отворање на државни објекти.

На објавениот список со општини, со кои министерството склучи договор за поддршка на  развој на капацитетите за детска и социјална заштита ја нема Општина Росоман чиј градоначалник Стојан Николов веќе реагираше за објектот детска градинка.

Градинки со државна помош ќе се отворат во село Сингелиќ во Општина Гази Баба со капацитет од 60 деца и село Челопек во Општина Брвеница за 50 деца како и во општините Зелениково за 86 деца, Аеродром за 265 деца, во село Пирава во Валандово за 52 деца и во Карпош – Влае за 144 деца.

Центар за рехабилитација на деца/лица со попреченост, со капацитет од 24 корисници доби Општина Штип.

„Сите објекти ќе се реализираат во рок од 8 до 18 месеци, согласно динамиката определена во договорите и техничките проекти. Вкупната вредност на објектите од потпишаните договори изнесува приближно 9 милиони евра,“ соопшти министерството.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.