Дума.мк сака да Ви каже:
Почитувани,
редовни читатели и членови на заедницата на Дума.мк како и поддржувачи,
остануваат уште неколку часа од последниот ден на годината во која секојдневно бевме заедно, НИЕ во Редакција следејќи ги дневните настани, известувајќи на теми кои Вие ни ги предлагавте затоа што Ви создаваа проблеми или потешкотии, истражувајќи и анализирајќи а ВИЕ читајќи не, коментирајќи, лајкувајќи и споделувајќи ги нашите медиумски производи.
Годината којашто ја испраќаме воопшто не беше таква какошто ја посакувавме кога ни доаѓаше. Во неа се збогувавме со многу драги луѓе, ни создаде проблеми за кои баравме ЗАЕДНО решенија кај НОСИТЕЛИ на Одлуки, локални и национални институции, бизнис заедница или од сограѓани.
Затоа, како изградена заедница на ЧИТАТЕЛИ и АВТОРИ на медиумски производи Ви БЛАГОДАРИМЕ на довербата, поддршка и интересот со кои не следевте во изминатите 365 дена.
ВЗАЕМНАТА ПОЧИТ е многу значајна за Дума.мк и се надеваме за сите ВАС. Затоа упатуваме БЛАГОДАРНОСТ до сите наши СОРАБОТНИЦИ, СВИРКАЧИ, УКАЖУВАЧИ и ПОДДРЖУВАЧИ!
На сите ВАС ви посакуваме да сте ЗДРАВИ и ЖИВИ, да сте СИТИ, ЗАДОВОЛНИ и СРЕЌНИ, ПРОФЕСИОНАЛНО РЕАЛИЗИРАНИ и НАГРАДЕНИ според вложениот ТРУД.
Ви посакуваме СРЕЌНА и БЕРИЌЕТНА Нова 2025 година!!!!
Дума.мк и во новата 2025 година ќе биде ВАШИОТ ГРАЃАНСКИ ГЛАС, ќе биде објективна, ќе известува и доловува вистина, затоа што тоа е Ваше демократско право! Да сте навремено, објективно и точно информирани.
Со почит,
Убавка Јаневска