Двајца Прилепчани лишени од слобода под сомнение за кражби во Неготино
Објавено на 14 јануари, 2025 во 12:02
Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Неготино, вчера утро, во 04:40 часот и во 06:30 часот ги лишиле од слобода Н.А.(33) и Б.Б.(54), двајцата од Прилеп. Тие се сомничат дека во периодот од 11 јануари до 13 јануари 2025 одзеле повеќе предмети од хала и товарни возила во халата, сопственост на правно и физичко лице во Неготино.
-Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците, a Н.А. и Б.Б. биле задржани во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Биљана Ѓаковска, портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Дума.мк