Двајца велешани каснати од оси, еден починат  

Објавено на 13 јули, 2022 во 10:39
Фото: Преземена фотографија

Двајцата велешани во ист временски период биле искасани од оси и пренесени во велешка болница. Еден од нив со фатални последици по неговиот живот.

Според д-р Весна Николовска Неделкова, пациентот на околу 30 годишна возраст, бил пренесен во велешка болница, на Интерно одделение и по укажаната лекарска помош и соодветната терапија бил испратен на домашно лекување.  Додека, вториот случај, 60 годишниот маж, починал.

-Во ЈЗУ Општа болница Велес донесени се двајца пациенти искасани од оса. Едниот од нив е донесен во лоша здравствена состојба и без знаци на живот. Реанимиран е но без успех, додаде Неделковска.

Шеесет годишниот велешанец бил искасан од оси на своето работно место во населба Речани и веднаш била повикана Брза Помош. Според д-р Василка Пановска началничка на Итната помош во Велес, кога тие стигнале кај пациентот во Речани тој бил искасан и во кома.

-Случајот беше пријавен во 11:05 часот. Лицето беше во кома со повеќе убоди од оси на рацете, лицето и целото тело.  Веднаш го резнимиравме и му дадовме соодветна терапија, бидејќи беше очигледно дека лицето е аларгично на оси, во состојба на кома итно го транспортиравме во велешката болница, додава д-р Пановска.

Во текот на летниот период каснувањата од оси пчели, стршлени ,чкрапји и други инсекти е скоро секојдневие. Годинава до сега немало пријавени случаи од каснување од змија, но во претходните лета имало, посебно на работници и други лица кои работат во полињата и на отворено.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.