Дванаесет оздравени пациенти од Ковид-19 испишани од велешка болница
Објавено на 9 октомври, 2021 во 14:36

Пациентите од ЈЗУ Општа болница Велес се пуштени на домашно лекување со по еден негативен тест. Денеска во болницата вкупно хоспитализирани се 41 пациенти од кои 27 се потврдени позитивни, двајца сомнителни и 12 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 22 пациенти.
-Од вкупниот број 47 на Инфективно одделение се лекуваат 23, во Модуларна болница 10 и на Интерно одделение осум пациенти, соопшти портпаролката на болницата д-р Елеонора Јованова.
Убавка Јаневска
