Две малолетни девојчиња, вчера, излегле и не се вратиле дома,родителите и полицијата ги бараат

Објавено на 2 јуни, 2025 во 10:28

Двете девојчиња, на возраст од 13 и 14 години, во ист ден, вчера, излегле од дома и не се вратиле.

Тринаесетгодишното девојче го нема од вчера, од 08:00 часот. Таткото, Р.Ј.(39) со привремен престој во село Стари Град, општина Чашка, пријавил во Сектор за внатрешни работи дека од домот се оддалечила неговата ќерка А.Ј.(13). Тој се сомнева дека е со лицето А.К. од село Гостиражни, општина Долнени.

Исто така, попладнето, во 17:30 часот, пријава во СВР Велес стигнала и од А.Е.(46) од Велес за оддалечување на нејзината ќерка М.Е.(14). Мајката се сомневала дека девојчето е со лицето С.У.

-Се преземаат мерки за пронаоѓањето на двете девојчиња, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.