Две семејни насилства во еден ден – по едно, вчера, во Кавадарци и во Велес
Објавено: 10 март, 2026, во 12:46 часот
Првото семејно насилство се случило вчера утро, околу 08:30 часот, кога во Сектор за внатрешни работи Велес, 23-годишна велешанка пријавила дека во нејзиниот дом дошол Б.Б.(26) од Скопје – нејзин поранешен партнер и физички ја нападнал неа и нејзиниот сегашен 24-годишен партнер, по што и М.К.(30) и Д.Б.(43), двајцата од Скопје, кои дошле со Б.Б., физички го нападнале нејзиното момче. Тие употребиле и електрошок и тврд предмет.
-По преземени мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.Б., М.К. и Д.Б., кои подоцна биле спроведени во СВР Велес за понатамошна постапка. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Оттаму додадоа дека второто семејсно насилство се случило 2 часа и 20 минути подоцна кога полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Кавадарци, го лишиле од слобода 65-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 64-годишна сопруга. Тој бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител.
И за овој случај полицијата најави дека по документирање на настанот против кавадарчанецот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Убавка Јаневска


