Две тепачки во Кавадарци и една во Велес

Четириесет и едно годишниот Б.Б од Кавадарци, вчера, во15:30 часот, во Полициска станица Кавадарци пријавил дека претходниот ден, 18 декември, околу 23:00 часот во Градски парк Кавадарци неговата малолетна ќерка била физички нападната од друг малолетник.
Исто така, половина час подоцна, во Полициска станица Кавадарци, педесет и пет годишниот З.А пријавил дека околу 13:20 часот во двор од куќа на неговата соседка, на улица „Страшо Пинџур“ бил физички нападнат од едно лице.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека во текот на вчерашниот ден, во Полициска станица Велес, дваесет и три годишната Р.С пријавила дека околу 19:30 часот часот на ул.„Академик Пенчо Давчев“ била физички нападната од Е.А.(31).
Се работи на расчистување на трите случаи, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Стефани Манева
