Две жртви на Ковид-19 во велешка болница
Објавено на 23 декември, 2021 во 12:41
Починати се двајца пациенти, мажи, на седумдесет и една годишна возрат од Свети Николе и Велес.
Во моментв во велешка болница се лекуваат 27 ковид пациенти од кои 17 се потврдени позитивни, двајца пациенти се сомнителни и осум пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 20 и на Интерно Б одделение седум пациенти, соопшти портпаролката на ЈЗУ Општа болница Велес, д-р Елена Левкова Ќулумова.
На континуирана кислородна поддшка се 15 ковид пациенти.
Во изминатите 24 часа четворица пациенти се примени на болничко лекување и четворица пациенти се испишани од болница како оздравени.
Стефани Манева