Еден итно префрлен од велешка во болница „8 Септември“ во Скопје и над половина од лежечките пациенти на кислородна поддршка
Објавено на 6 ноември, 2021 во 14:51
Поради пад на сатурација на 60 % еден пациент на 51 годишна возраст е префрлен од ЈЗУ Општа болница Велес во болница „8 Септември“
Во болницата вкупно хоспитализирани се 49 пациенти од кои 32 се потврдени позитивни додека двајца се непотврдени како и 15 на кои лекувањето им е продолжено бидејќи имаат потреба од здравствена грижа и нега. На кислородна поддршка се 26 пациенти.
Пет пациенти се примени на лекување во изминатите 24 часа додека испишани од болницата се тројца пациенти.
-На Инфективно се лекуваат 24 , во Модуларна болница 17 и на Интерно одделение осум пациенти, рече портпаролката д-р Елена Лефкова Ќулумова.
Убавка Јаневска