Единаесет неготинци не го почитувале полицискиот час и 46 граѓани не носеле маски

Објавено на 29 април, 2021 во 11:11
Сектор за внатрешни работи Велес

На територија на Сектор за внатрешни работи Велес, за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита, евидентирани се 46 граѓани. Од нив 21 велешанец, 20 кавадарчани и пет неготинци.

Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.

За непочитување на забраната за движење за време на полициски час, кој од вчера започнува во 21:00 часот и трае до 05:00 часот, казнети се 11 граѓани во Неготино, соопшти потпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Се апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките, да носат заштитна маска, да не го прекршуваат полицискиот, со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.

Стефани Манева

Сподели: