Една година Младински центар Велес

Објавено на 14 август, 2023 во 11:15

По повод 12 август, Меѓународен ден на младите, во Младински центар Велес (МЦВ) се одржа панел дискусија на тема ,,Значењето и можностите за поголемо вклучување на младите во локалната заедница”, а воедно и одбележување на една година постоење како и успешно работење на центарот.

На панел дискусијата, присуствуваа активисти, волонтери, младинскиот работник во Младински центар Велес, службеникот за млади на Општина Велес како и претставници на Локалниот младински совет.

Во дискусијата за законот за младинско учество и младински политики, беа отворени бројни прашања како што се: што законското решение им нуди на младите во делот на заштитата, поттикнување за поднесување иницијати, отворање и адресирање на проблеми како и предизвици со кои се соочуваат во локалната заедница.

Исто така, Ивана Јордева, младинскиот работник во МЦВ им посака топло добредојде на сите присутни за заедно одбележување на овој ден, а воедно и искажа благодарност до сите млади кои досега го покажале својот интерес и својата желба да бидат дел од самиот центар,додавајќи дека токму така ја покажуваат заинтересираноста за својата иднина.

Службеникот за млади на Општина Велес, Владимир Смилев, им објасни и ги запозна младите со неговата работа и предизвици со кои се соочува за решавање на проблемите на младите како и за нивната координација, додека претставничката на Локален младински совет, Емили Митревска ги зборуваше за процесот на создавање на советот, неговите надлежности, предлози и иницијативи.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.