Едукативен настан за ХПВ вакцинацијата во Велес

Во медијатеката на градкската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес, вчера, се одржа едукативен и интрактивен настан посветен на еден од клучните теми за јавното здравје, поточно за важноста на ХПВ вакцинацијата како средство за превенција од рак на грлото на матката и други заболувања.
Пред пристуните велешани проф. д-р Катерина Ставриќ на едноставен, разбирлив и пристапен начин ги објасни главните аспекти поврзани со ХПВ вирусот, ризиците кои ги носи, како и клучната улога на вакцинацијата во спречувањето на сериозни последици по здравјето. За време на едукацијата присутните имаа можност да поставуваат прашања, да споделат свои размислувања и да учествуваат во плодна дискусија.

Настанот беше организиран од страна на ЈЗУ Општа болница Велес и главната медицинска сестра Баже Наневска којашто објасни дека и во иднина ќе се организираат слични информативни активности со цел да се создаде поинформирано и здраво општество.
Присутни на настанот беа лекари гинеколози, лекари од детска превентива и школска медицина како и ученички од средното општинско училиште „Димитрија Чуповски“ од отсекот акушерство.
Стефани Манева
