ЕКО КРЕАТОРИ – Донирај облека, направи промена!
Објавено: 11 мај, 2026, во 16:20 часот
Три во едно. Младите велешани имаат можност од една страна да ја заштитат животната средина во општина Велес и наместо облеката и обувките кои што не ги користат да завршат во контејнер, а потоа и на градска депонија, да ги спакуваат и донираат со што ќе покажат епматија кон врсници на кои тие можат да им послужат.
„Со тоа што на облеката или обувките што повеќе не ги носат а се чисти, зачувани и носливи, младите во нашиот град, општина или соседните општини, можат да им дадат нов живот со тоа што ќе ги подарат. Тоа е најлесниот чекор што можат да го сторат за да и помогнат на заедницата односно да ја направат почиста и похумана. Испрани и спакувани во кутии, донираните облека и обувки можат во среда, на 13 и во четврток, на 14 мај во временскиот период од 11:00 до 13:00 часот потребно е да ги донесат во просторија 2 на Младински центар Велес. Ние се наоѓаме на приземјето во зградата на Локална библиотека „Гоце Делчев“ во Велес и ги очекуваме младите пријатели со своите донации,“ рече Стефани Манева, Младински работник во Младински центар Велес.
Оттаму додаваат дека со оваа иницијатива ги поттикнуваат младите луѓе со донација да помогнат некому, да се намали отпадот и да придонесат за поодржлива иднина. Тоа го прават токму со мотото: „Мал чекор за тебе – голема промена за природата!“
Убавка Јаневска


