Екстремните жештини влијаат на здравјето на Велешани, во пораст бројот на интервенции на Итна помош

Објавено: 22 јули, 2025, во 15:48 часот

Главоболки, покачен крвен притисок, гадења, повраќања и колапси се најчестите причини за побарана лекарска помош од страна на граѓаните во изминатото деноноќие и денешниот ден до пладне.

-Во овој период , вчера 21 и денеска 22 јули, до пладне, издадени се вкупно 94  амбулантски прегледи и 25 на терен, поточно во домашна посета. Поголем е бројот на пациенти кои побарале помош од прегледи и аплицирана терапија во текот на ноќта во споредба со дневните. Бројките покажуваат дека за помалку од 48 часа во благ пораст е бројот на издадени здравствени услуги во споредба со 14 и 15 јули годинава. Жешкото време влијае врз здравјето на пациентите затоа препорачуваме доколку нема итна потреба да не се излегува од дома во периодот од 10:00 часот до 17:00 часот, да се пијат поголеми количини на вода и течности како и за хроничните болни редовно земање на терапијата, рече д-р Васе Поп Стефанова Панова, началичка на Итна помош.

Утрово во Велес започна со измерени 29 степени Целзиусови додека во попладневните часови веќе се измерени 10 степени повисока температура. Во 15:40 часот живата во термометарот покажува 39 степени во центарот на градот.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.