Езерскиот брег на Младост и во темнина полн со граѓани, бараат да се вклучи светлото
За пеколните жештини, викендов, велешани излез бараа во претстој на бреговите на Езеро „Младост“. Освен на дневни излети, голем број на граѓани можеа да се забележат и во вечерните часови како ги користат за седење, дружби и разонода ја користат урбаната опрема и во вечерните часови.
Скоро и да немаше празно место во летниковците и на клупите покрај самиот езерски брег. Но таму, на уредениот простор му недостасуваше осветлување. Дел од досетливите велешани со себе носеа фенери или пак седеа под вклучен блиц од мобилни телефони. На патеката во ноќните часови, на прошетка беа голем дел граѓани со своите куќни љубимци. Тие единствено безбедно рекоа дека се движат на крајот од патеката бидејќи угостителските објекти имаат осветлување додека останатиот простор од потегот на прва плажа до крајот е во целосен мрак.
-Добро е што нема комарци и што овде е далеку посвежо од температурата во градот. Се разладуваме иако не се капеме. Сепак проблем ни претставува темнината низ којашто треба да се движиме. Знаеме дека не е предаден во употреба овој дел од езерскиот брег. Но кога веќе граѓаните го користат масовно не ми е јасно зошто не се вклучени поставените кандалабри, рече велешанец.
-Општината го уреди брегот и тој е масовно искористен. Се прашувам зошто сите ние што вечерва сме тука, доаѓаме и во работните денови се разбира во попладневните и вечерни часови, мораме да седиме или да се движиме во темнина. Кога ќе го вклучи осветлувањето општината бидејќи од вас медиумите дознавме дека проектот бил пред самиот крај ?, праша велешанка.
-Овде се асоцира на тоа дека електрична енергија има, поставени се столбови, на дел од нив има дури и светилки, тогаш зошто не се вклучува осветлувањето? – праша велешанка.
Денеска нивните прашања ги проследивме до Општина Велес. Оттаму ни одговорија дека граѓаните треба да се стрпат бидејќи било потребно кратко време, од неколку денови ,за вклучување и на светлото што ќе го направи далеку попристапно излетничкото место за граѓаните кои исто езерскиот брег го користат како во денот така и во вечерните часови.
Убавка Јаневска