Фалсификувани евра пронајдени кај прилепчанец во Велес

Објавено на 6 октомври, 2025 во 13:49

Двајца млади од Прилеп, на возраст од 22 години, се приведени рано утринава во Велес, откако полицијата кај едниот од нив пронајде девет банкноти од по 200 евра, за кои постои сомневање дека се фалсификати.

-На 06.10.2025 во 02:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес ги лишија од слобода А.У.(22) и М.Ј.(22), двајцата од Прилеп. На улица „Благој Ѓорев“ во Велес, полициските службеници извршиле контрола во патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал М.Ј., а сопатник бил А.У., при што кај А.У. се пронајдени и одземени девет банкноти од по 200 евра, за кои постојат основи на сомнение дека се фалсификат, пишува во дневниот билтен на Сектор за внатрешни работи Велес.

Двајцата прилепчани се приведени во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.