Фатен крадец којшто украл женска ташна, пленот вратен на сопственичката
Објавено на 25 септември, 2024 во 17:31
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера вечер, го лишиле од слобода З.С. (37) од село Оморани, општина Чашка, поради сомнение дека од објект на улица „Благој Ѓорев“ одзел женска ташна, сопственост на К.П., во која имало пари, лични документи и предмети.
Полицијата ги пронашла и вратила украдените предмети на сопственичката, а З.С. бил приведен во полициска станица.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк