Фатен подрумски крадец во Велес, завршил во Полициска станица
Објавено: 29 мај, 2025, во 12:30 часот
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, рано утрово, во 01:10 часот, го лишиле од слобода Б.Ј.(45) од Велес.
„Тој бил затекнат во подрумска просторија во зграда на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, каде влегол со употреба на сила и извршил оштетување на предмети. Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од СВР Велес.
Убавка Јаневска


