Фатени крадци и приведени во Полициска станица Велес
Објавено на 15 ноември, 2023 во 11:31
Полициски службеници на СВР Велес,вчера ги лишиле од слобода С.Џ.(19) и 35-годишната М.М., двајцата од Велес под сомнение дека со малолетничка од Скопје и малолетник од Велес во текот на денот од продажен објект во Велес одзеле повеќе предмети.
С.Џ. и М.М. се приведени во полициска станица, а со малолетниците, во присуство на нивните родители, бил извршен службен разговор.
„ Одземените предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска