(Фото и Видео) Најсреќниот велешанец Игор Јорданов на „Богојавление Водици“ беше даруван со бројни подароци

Објавено на 19 јануари, 2024 во 12:27

Среќен, насмеан, скромен е велешанецот Игор Јорданов кој денеска додека ја даваше првата изјава за Дума.мк, откако храбро скокна од кејот во водите на река Вардар во центарот на Велес и го фати Светиот Крст, помеѓу другото беше искрен и соопшти дека иако не се надевал поради големата конкуренција сепак се чувствува среќен.

Јорданов во зградата на Епархија Повардарска доби бројни подароци како од Македонската православна црква – Охридска Архиепископија поточно Епархија Повардарска што му ја предаде Митрополитот Агатангел така и од Општина Велес, од Градоначалник Марко Колев, како и од 14 фирми и поединци или семејства од Велес.

Убавка Јаневска

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.