(фото и видео) Велешките средношколци на едукативна работилница за ментално здравје

Објавено на 29 март, 2024 во 15:28

,,Менталното здравје кај младите како предизвик на новото време,, е темата на денешната работилница организирана во Јуроп хаус Велес за велешките средношколци од сите четири средни училишта. Учениците на забавен начин и преку вежби се едуцираат за важноста на менталното здравје како и начините на грижа бидејќи се од суштинско значење за здрав развој и нивната добросостојба.

Менталното здравје ја вклучува нашата емиционална, психолошка и социјална благосостојба, влијае на начинот на кој размислуваме, чувствуваме и делуваме во различни ситуации. Обучувачката Марија Конеска од центарот за развој, едукација и советување „Маша Марија“ вели дека велешките средношколци се активни и ги оправдуваат очекувањата.

Работилницата се спроведува во рамки на проектот ,,Млади за инклузија, еднаквост и доверба,, финансиран од страна на Фондот за мир на Обединетите нации, имплементиран од страна на Општина Велес, УНДП, УНФПА, УНЕСКО и UN Women.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.