(ФОТО) Со физичко присуство на верници соопштено Воскресение Христово во Соборен храм „Св. Пантелејмон“ Велес
Објавено на 2 мај, 2021 во 19:22
Верници од Велес, синоќа, присуствуваа на вечерта на Воскресение Христово, Велика сабота – Велигден во Соборниот храм „Свети Великомаченик Пантелејмон“ во Велес. Тие го наполнија предниот дел од дворот на духовниот храм.
Во овој духовен храм се одржа централната прослава на Воскресенската литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високо преосвештенство, Митрополитот Повардарски, Господин Агатангел.