(фото) Светскиот ден на уметноста одбележан во Велес со ликовна работилница: „Уметноста како терапија на душата“

Објавено на 15 април, 2025 во 14:32

Во духот на креативноста и слободното изразување, денес во просториите на ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ – Велес се одржа традиционалната ликовна работилница по повод Светскиот ден на уметноста, под менторство на професорката по ликовна уметност Пале Јовановска. Оваа година, работилницата беше организирана под мотото „Уметноста како терапија на душата“, со цел да се истакне улогата на уметноста како средство за личен развој, емоционална стабилност и духовна надградба.

На настанот, покрај учениците од средното училиште, активно учество земаа и ученици од основните училишта од градот. Младите уметници имаа можност да ги претстават своите креации и преку боја и форма да изразат емоции, мисли и ставови кои често не можат да се пренесат со зборови.

-Оваа идеа е на моја иницијатива откако се вработив во училиштето. Целта е покрај сите машински и електро смерови да се внесе и малку креативност. Искрено многу сме задоволни од изработките на учениците и верувам дека оваа работилница ќе стане традиција во нашето училиште, објасни професорката Пале Јовановска истакнувајќи ја важноста на балансот меѓу техничките науки и уметноста во воспитно-образовниот процес.

Денешната работилница помина во позитивна атмосфера исполнета со многу боја, инспирација и насмевки, потврдувајќи дека уметноста не само што ги буди креативноста и емоциите, туку носи и спокој.

Стефани Манева

фото:

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License