„Геохидро Јованов“ е избраната фирма за изведување на бушотини на Отовичка река крај езеро „Младост“

Објавено: 30 април, 2026, во 12:03 часот

Државното, ЈВП „Лисче“ денеска го потпиша договорот со избраниот оператор, скопската фирма „Геохидро Joванов“ за изведување на бушотини и обезбедување на дотур на вода во езеро „Младост“, крај Велес. Бушотините ќе се изведуваат на Отовичка река и фирмата може во наредните денови да ги започне подготвителните активности за реализација на договорните обврски.

-Ги исполнуваме навреме превземените обврски од договорениот план и особено е важно што двете министерства, за земјоделство, шумарство и водостопанство како и за животна средина продолжуваат да му даваат приоритет на решението на состојбата во која се наоѓа езеро Младост,“ рече Ване Маневски, директор на ЈВП „Лисиче“.

Според Маневски за неколку дена се очекува да биде  распишан и јавниот повик за санирање на темелниот затворач на браната на акумулацијата „Младост“.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.