Голема крводарителска акција во Градско – Собрани 200 крвни единици и 29 нови дарители

Објавено: 15 декември, 2025, во 13:30 часот

Голема крводарителска акција во Градско на која се појавила 203 хумани граѓани, од кои само тројца не успеале да даруваат крв, со што биле собрани вкупно 200 крвни единици, се одржа вчера во просториите на Домот на културата „Крсте П. Мисирков“.

Како што соопштија од Црвен крст Градско, за време седум часовната акцијата 29 нови крводарители за прв пат ја подале својата рака да даруваат крв и станале дел од најголемото хумано семејство со државата.

-Крводарителите од Градско и останатите населени места во општината одново се потврдија како едни од најхуманите во државата. Во реализацијата на акцијата, за чиј што повод беше Денот на Општината, директно беа вклучени волонтери од Основната организација на Црвен крст од Градско. Акцијата беше реализирана од наша страна, во соработка со Општина Градско, објаснија од Црвен крст Градско.

Организаторите упатија искрена благодарност до сите граѓани кои учествуваа во акцијата, нагласувајќи дека секоја дарувана капка крв претставува надеж, живот и солидарност.

Ова беше трета крводарителска акција во 2025 година во Градско. На претходните две се даруваа 96 и 99 единици.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.