Горел оџак, ноќеска, во населбата Дворови – велешките пожарникари интервенирале
Објавено: 17 декември, 2025, во 09:32 часот
Територијалната против пожарна единица Велес, вчера вечер, во 23:00 часот примила дојава за многу чад на ул. „Никола Оровчанец“ во населба Дворови.
„Тројца пожарникари спасители со едно против пожарно возило веднаш излегоа на лице место. По пристигнување на локацијата од наша страна е утврдено дека гори оџак од куќа, којшто одма е пригушен и изгаснат. Благодарение на брзата нтервенција не е дозволено пожарот да направи поголема штета,“ соопшти ТППЕ Велес.
Оттаму апелираат до граѓаните доколку забележат пожар веднаш да се јават на бесплатниот телефонски број 122 или 193.
Убавка Јаневска


