Гореле 30 хектари меѓу Оризари и Клуковец, пожарот локализиран од ТППЕ Велес

Објавено: 8 јули, 2025, во 10:48 часот

Територијалната Противпожарна Единица Велес, вчера, околу 12:20 часот, добила дојава за избувнат шумски пожар во пределот помеѓу селата Оризари и Клуковец.

На терен веднаш интервенирало едно противпожарно возило со пет пожарникари-спасители. При пристигнувањето на лицето место, пожарот бил во развиена фаза и зафатил површина од околу 30 хектари. Благодарение на брзата и координирана интервенција, пожарот бил локализиран и целосно изгаснат.

Од ТППЕ Велес апелираат до граѓаните за зголемена внимателност, особено во летниот период кога опасноста од пожари е зголемена. Во случај да се забележи пожар, граѓаните веднаш да се јават на бесплатните телефонски броеви 112 или 193.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.