Гореше велешката депонија за смет, во еден ден еднаш задимила и втор пат се запалила

Објавено: 9 август, 2025, во 11:00 часот

Како резултат на високата температура, прво вчера утро, во 6:20 часот, кога се појавило димење коешто вработените на ЈКП „Дервен“ успеале сами и за краток временски период да се справат, поточно да го сузбијат димот.

Велешката депонија по втор пат се разгорела во 15:10 часот кога огнот го гаснеле двајца пожарникари со две протипожарни возила како и комуналните работници со една цистерна на „Дервен“. Пожарот бил изгаснат во 18:05 часот, соопштија од Регионалниот Центар за управување со кризи.

Големо количество на дим, вчера вечер, околу 20:00 часот излегуваше од депонијата и се разнесуваше над Велес како резултат на гаснењето на пожарот. Според РЦУК депонијата била под надзор

Убавка Јаневска  

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.