Градоначалник Цветковски: Граѓаните на Лозово да пријават кои стои зад вандализмот на урбаната опрема во село Каратманово
„Граѓаните да се охрабрат и да пријават во Општина Лозово или во Полициска станица во Свети Николе доколку имаат информации за вандализмот којшто му се случи на штотуку изграденото катче за одмор и рекреација во село Каратманово. Тоа е изградено со нивни пари и за нивна потреба,“ рече за Дума.мк Бошко Цветковски градоначалник на Лозово.
Цветковски го осуди вандалскиот чин којшто се случил за време на викендот кога вандали го сардисале и ја уништиле урбаната опрема во населено место Каратманово. На локацијата којашто се наоѓа во централното подрачје во ова населено место катчето за починка и рекреација на возрасни како и за забава на деца е ставено во функција пред два месеци. Во неговото уреденување и за набавка на клупи, летниковец, детски забавни реквизити се вложени 1 милион и 800 илјади денари.
Финансиските средства со проект на општината преку Вардарски плански регион се обезбедени од Биро за регионален развој.
Убавка Јаневска