Градски парк од денеска до 7 јуни затворен за сообраќај – од утре започнуваат „Спортските игри Велес“

Општина Велес ги известува граѓаните дека поради подготовките и одржувањето на четвртото издание на Велешките спортски игри, Градскиот парк ќе биде затворен за сообраќај почнувајќи од денес, 2 јуни, од 12 часот, па сè до завршувањето на манифестацијата на 7 јуни.
За време на оваа спортска недела, пристап со возила ќе биде дозволен единствено на дистрибутерите кои доставуваат до локалите во паркот, но само со претходно обезбедена пропусница од организаторот — спортското здружение „Спортски игри Велес“.
Од општината упатуваат апел до сите граѓани да ја почитуваат забраната за движење со возила во паркот и изразуваат благодарност за разбирањето и поддршката додека траат спортските активности.
Велешките спортски игри, кои веќе станаа традиционална манифестација, годинава очекуваат голем број учесници и посетители, а затворањето на паркот има за цел да овозможи безбедно и непречено одвивање на натпреварите и настаните.
Стефани Манева
