Градскиот базен во Велес од денеска престанува со работа
Објавено на 30 август, 2022 во 10:28

Капачката сезона за 2022 година на градскиот базен во Велес, од денеска, 30 август, официјално завршува соопштија од локалната самоуправа. Како причини за порано завршената сезона се појавуваат лошите временски услови коишто се најавени за следниот период и други технички околности.
Од јавното претпријатие „Парк, спорт и паркинзи“ информираат дека граѓаните коишто купиле сезонски билети може да се обратат во просториите на јавното претпријатие со цел рефундирање на дел од средствата.
Инаку, градскиот базен оваа година започна со работа на 13 јули. Општина Велес им се заблагодарува на ЈП „Парк, спорт и паркинзи“ како и ЈКП „Дервен“ за соработка и овозможената капачка сезона за велешани.
Стефани Манева
