Граѓански фото објектив: Гулаб на фонтана кај Авона во Велес
Објавено на 6 мај, 2024 во 14:26
Фокусот на најновите фотографии е гулаб којшто завчера го фотографираше велешанецот Атанас Крлевски.
„Гулабот којшто е фотографиран на фонтана во новиот дел на Велес, поточно спроти популарно нареченото место Авона, стрпливо ми позираше и ми дозволи да го овековечам и да го направам славен. Јас него или тој мене. А кога одлета посакав да пренесе порака како гулаб на мирот: Да престанат сите војни во овој наш немирен свет!“, напиша Крлевски на мејлот [email protected].
Дума.мк