Грип и компликации од грип го полнат Детско одделение на велешка Општа болница

Објавено на 26 февруари, 2025 во 09:53

Над триесеттина специјалистички прегледи секојдневно се издаваат како здравствена услуга на Детско одделение во велешка болница. Лекарите специјалисти педијатри најчесто дијагностицираат грип но и компликации кои се појавуваат кај децата од ова заболување. Началничката на Детско одделение др Елена Ангеловска освен што ги соопшти информациите има и совети за родителите чии деца се разболеле или во моментов имаат симптоми на болеста.

На Детско одделение според др Ангеловска во месец јануари од вкупно 355 специјалистички прегледи биле хоспитализирани 59 деца, во јануари од вкупно 401 на болничко лекување биле задржани 97 деца додека до понеделникот, 24 февруари од вкупно 395 хоспитализирани се 88 деца.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License