Хуманитарна и крводарителска акција во велешката касарна по повод Денот на Командата за обука и доктрини

Објавено на 11 април, 2025 во 14:39

Традиционално беа организирани хуманитарна и крводарителска акција во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“ по повод 15 април – Денот на Командата за обука и доктрини. На крводарителската акција беа дарувани 31 крвна едицина од страна на вработени во велешката касарна додека за хуманитарната акција армијата одвои пакети со прехранбени производи наменети за оние на коишто им е најпотребо.

На крводарителската акција еден од вкупниот број на дарители за прв пат ја подал својата рака да дарува крв и станал дел од најголемото хумано семејство.

Од велешки Црвен крст соопштија дека нивните волонтери во текот на наредните денови ќе ги поделат пакетите со прехранбени производи на оние лица и семејства кои живеат во социјален ризик и се најпогодени од економската состојба.

Акцијата е дел од континуираните напори на Командата за обука и доктрини и Црвениот крст да помогнат во создавањето на подобри услови за живот во локалните заедници.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.