Хуманитарната помош на велешани испратена на граѓаните во град Чернивци, Украина

Објавено на 13 март, 2022 во 15:30

Се што донираа граѓаните на Велес, изминативе четврток и петок, на 10 и 11 март, влезе во пратката на третиот шлепер со хуманитарната помош којашто Здружението на украински граѓани го имаат формирано во нашата држава „Лесја Украинка“. Собраната хуманитарна помош од скоро сите градови во Македонија тргна кон Украина поточно кон пограничниот град Чернивци.

Велешани подарија повеќе видови на брзи за подготовка прехрамбени производи, шеќер, сол, брашно, квасец, масло за приготвување храна, вода, ќебиња, облека, храна за мали деца, лекови и хигиенски средства. Пакетите и ќесите од Туристичко биро на Општина Велес, во центарот на градот, им се предадени на членовите на граѓанското здружение во Скопје кои потоа ги препакуваа и ги испратија за Украина.

Тие во исто време се заблагодарија на велешани за покажаниот гест на сочувство со украинскиот народ во моментите на воената трагедија со која се соочува Украина.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.