Ин Мемориам: Јордан Ацков Чачо 1939 – 2025

Објавено: 29 јули, 2025, во 16:25 часот

По кратко боледување, рано утринава, во Велес почина Јордан Ацков Чачо, бригадир ветеран на велешките граѓански здруженија како и пензиониран работник на фабриката за шински возила „Колска“.

Осумдесет и шест годишниот Ацков до пред само еден месец активно учествуваше во доброволните работни акции кои се изведуваа во општините Велес и Чашка за собирање на смет, пошумување, бетонирање на паркинг простори и приоди кон духовни објекти како и во разубавување на повеќе паркови и зелени површини на локации во родниот град и на езеро „Младост“, на Вршник и на Свети Илија.

Ацков со своите 86 години беше најстариот акцијаш ветеран во Велес. На крајот на 2024 година од страна на акцијашите ветерани беше прогласен и награден со Благодарница за еден од најактивните и најредовни учесници во волонтерските активности и посветен на развојот на акцијаштвото во родниот град.

Посмртните останки на Јордан Ацков Чачо ќе бидат изложени во Соборен хран „Свети Пантелејмон“ утре, среда, 30 јули, во 13:00 часот додека погребувањето ќе се одржи во 13:30 часот.

„Вечна слава другар Чачо и искрено сочувство до семејството Ацкови, упатија акцијашите ветерани од Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.