ИН МЕМОРИАМ: ЗОРАН МАНЕВСКИ  1963 – 2026

Објавено: 30 март, 2026, во 10:44 часот

Во шеесет и тетата година од животот, вчера вечер, во Битола почина Зоран Маневски професор по виолина во Државното музичко училиште во Битола. Маневски е роден во Велес и велешани го познаваат како солист на македонска народна песна и на дела од класичната музика на бројни културни манифестации во градот како и член на групата „Негрос“. Тој беше музички образуван виолинист со завршена Академија за музика – отсек виолина во Скопје по завршување на Средно музичко училиште.

Маневски, првото вработување го имаше во Македонската филхармонија. Потоа најголем дел од својот работен век го помина во Битола, каде создаде семејство и остана да живее. „Тој беше омилен професор по виолина во битолското Државно музичко училиште и професионалец – исклучително посветен на работата како и на резултатите што ги постигнуваа голем број на ученици – виолинисти, добар дел од нив познати музичари во државата, но и надвор од неа. Неговите ученици беа високо наградувани на државни и меѓународни натпревари по виолина. Особено важно за неговата музичка кариера, што ќе остане забележано, е дека беше еден од иницијаторите и основачите на Камерниот оркестар во Битола. 

Неговата дарба за музика  го смести на листата на најдобрите естрадни уметници во Македонија. Кариерата како музичар ја започна во родниот Велес каде што настапуваше во групата „Негрос“. Во Битола беше член на „Мегдан“, а како солист настапуваше и со „Битолски Конзули“, многу пати учествуваше на фестивалите во Македонија – „Валандово“, „Цветници“, “Тетовски Филиграни“, „Интерфест  Битола“, „Серенада“ и др. Сите негови отпеани песни ќе останат во споменик  на неговиот YouTube канал Зоран Маневски,“ пренесе Апла.мк.

Посмртните останки на професорот Маневски ќе бидат изложени утре, вторник, 31 март, од 10:00 до 12:00 часот во црквата „Свети Димитриј“  во Битола.

Вечна слава Зоране и искрено сочувство за твоето семејство!

Дума.мк           

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.