ИН МЕМОРИАМ: Валентина Петровска 1964 – 2025

Во шеесет и првата година од животот, по кратко боледување, завчера во Велес почина Валентина Петровска, судијка во Граѓанска област, на Основен суд Велес.
Петровска е родена во Велес на 8 јуни 1964 година. Таа беше дипломец на Правен факултет во Битола во генерацијата 1984/85 година со положен правосуден испит во 1990 година.
Професионалната кариера Петровска ја започнала во 1986 година како дипл. правник во тогашната Фабрика за масло „Благој Ѓорев“ и по двегодишен приправнички стаж била унапредена во правен референт додека од 1994 до 1996 во референт за застапување и директор на Правен сектор.
За судијка на Основен суд Велес, Петровска, беше избрана во 1996 година. Таа во судијската кариера работеше на граѓански и вонпроцесни предмети од работен однос, стопански, стечајни, ликвидациони и управно сметководствени предмети. Беше Претседател на Стечаен совет и член на Стечаен совет во стечајни предмети, член на Кривичен совет и Претседател на трговски оддел на Основен суд Велес. Исто така, во професионалната кариера, судијката Петровска ја вршеше функцијата на Заменик Претседател на Основен суд Велес а со Одлука на Судски совет на Република Македонија во 2014 година беше именувана и за вршител на должноста Претседател на Основен суд Велес, во времетраење од 13 месеци. Судијката Валентина Петровска беше и ментор за изведување на практична обука на кандидати за судии и јавни обвинители од областа на трговски спорови на Академијата за судии и јавни обвинители.
На денеска одржаната Комеморација во Основен суд Велес, Претседателката на Основен суд Велес, Валентина Ѓоргиевска, за својата колешка помеѓу другото издвои дека во долгогодишната професионална судијска кариера Петровска покажала посветен и несебичен однос кон работата и непоколеблива заложба за пренесување на правото и правдата.
-Нејзината работа беше одбележана со видливи и крупни успеси што придонесоа Петровска да биде пример меѓу колегите и во фелата. Како долгогодишен судија, значително придонесе кон зајакнување на професионалните стандардии интегритетот на судиската професијата, оставајќи наследство кое ќе продолжи да влијае и над идните генерации на судии и во правосудството, додаде Ѓоргиевска.
Судијката Валентина Петровска беше сопруга и мајка на три полнолетни деца како и баба на едно внуче.
Нејзините посмртни останки денеска, во 12:00 часот се изложени во капелата на градските гробишта во Раштани, кај Велес по што е ќе бидат погребани.
Дума.мк
