Изборите во Лозово продолжуваат – втор круг меѓу Цветковски и Велковски

Објавено на 20 октомври, 2025 во 11:34

Во Општина Лозово граѓаните ќе се вратат повторно на гласање, откако ниту еден од кандидатите за градоначалник не успеа да обезбеди мнозинство во првиот круг од локалните избори. Првичните резултати објавени од Државната изборна комисија потврдуваат тесна трка меѓу кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, која ќе продолжи во вториот круг.

Најмногу гласови во првиот круг освои Ацо Велковски од СДСМ – 651 глас, односно 46,07%. Веднаш зад него, со мала разлика, е актуелниот градоначалник Бошко Цветковски, кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кој доби 573 гласа или 40,55%.

Другите двајца кандидати останаа далеку зад водечката двојка. Милан Ашиковски од ТМРО освои 54 гласа (3,82%), додека Светла Алексич од Единствена Македонија доби 45 гласа, што претставува 3,18% од вкупниот број на гласови.

Со вакви резултати, Лозово оди во втор изборен круг, каде што граѓаните ќе одлучат дали довербата ќе му ја дадат на Велковски од СДСМ или на актуелниот градоначалник Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Официјалната потврда на резултатите се очекува во наредните денови од страна на Државната изборна комисија.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.