Издумани Крлевизми: „Кај нас сѐ повеќе лаги! Така е, кога извезуваме вино“

Објавено: 13 февруари, 2026, во 16:13 часот

Во духот на утрешното одбележување на празникот на лозарите „Свети Трифун“. афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски ги напиша следниве 10 афоризми:

„Во домаќинска куќа секогаш има ракија – рече Атанас и побрза кон комшијата.“

„За пијаниот секој пат е тесен, а го гледа двојно.“

„Долг е патот од закројувањето до виното, но се заборава по првата вкусена капка.“

„Пијам, за да заборавам да пијам!“

„Виното е иницијална капсула за да пукне вистината.“

„Кај нас сѐ повеќе лаги! Така е, кога извезуваме вино.“

„Во виното е вистината. Оди, верувај му на пијан!“

„Со сопругата имаме исти вистини. Пиеме вино од иста чаша.“

„Пиев за да ја заборавам. Таа ме заборави мене.“

„Чашата се прелева и од празнење чаши.“

Вашиот, Атанас Крлевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.