Издумани Крлевизми: „Не пишувајте мемоари! Вештачката интелигенција ќе ви ги открие лагите“
Објавено: 25 јули, 2025, во 08:37 часот
Овој петок вашиот афористичар и сатиричар Атанас Крлевски ви ги става на читање следниве напишани афоризми:
„Секоја година ни е плодна… за плодни дискусии!“
„Откако се запослив не работам ништо. Паднат е системот.“
„Тие бизнисмени во светските метрополи, а нас не враќаат во пештерите. Има нешто труло во државата Данска!“
„Во мојата зграда сите пешачиме. Соседот од поткровјето ни ја остава отворена вратата од лифтот.“
„Доживеа бродолом уште при првата пловидба во политичките води. Не бидува морнар од непливач.“
„Не пишувајте мемоари! Вештачката интелигенција ќе ви ги открие лагите.“
„На Интернет и врбите раѓаат грозје!?“
„Парите го вртат светот. Затоа страда од вртоглавица.“
„Додека му ги испразни џебовите умираше и гинеше за него како во песната. Потоа му избега… жива!“
„Го прашувам внук ми што сака да биде кога ќе порасне, а тој како од топ: „Менаџер!“ Модерни времиња.“
Дума.мк


