Издумани Крлевизми: „Желбата за моќ е како потребата за вода на тие што не пијат вода“

Објавено: 27 март, 2026, во 10:55 часот

Петок е и време за резервираниот термин за афоризмите на Атанас Крлевски. Еве што сатиричарот и афористичар создаде во изминатите денови и кои се предизвици од секодневниот живот го поттикнаа афористичкото перо да пишува:

„Најлесно се продава ефтин човек во скапа амбалажа.“

„Ако потсмевот ви е вредносна категорија, плаќајте ми кога е на моја сметка!“

„ВИ понекогаш не знае што прави. Исто како и човекот.“

„Лажните пријатели не сме ги барале ние. Тие не барале нас.“

„Желбата за моќ е како потребата за вода на тие што не пијат вода.“

„Вистината дека се лажеме себеси најтешко се открива.“

„Глупоста е исклучок од правилото дека сѐ е релативно.“

„И јас не знам што сакаат жените“ – ми се довери ВИ.“

„Жал ми е што не влеговме во брак. Ќе имавме интересни кавги.“

„И најквалитетната глина не се обликува сама.“

Вашиот, Атанас Крлевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.