Изгоре сопственик на куќа во пожар во Велес

Објавено на 15 декември, 2024 во 09:59
Фото: Архива на Дума.мк

Eден маж загина во пожарот којшто, вчера вечер, се случи во запалена куќа на ул. „Љубен Весов“ бр. 54 во Велес. И покрај интервенцијата на Територијалната Против Пожарна Единица Велес која дојавата за пожарот ја примила во 19:03 часот и веднаш излегла на лице место, со две противпожарни возила и  пет пожарникари спасители, не успеала да го спаси сопственикот на куќата.

-По пристигнување на лице лице место, пожарот е затекнат во развиена фаза во една просторија каде што е пронајдено и безживотното тело на сопственикот на опожарената куќа, соопштија од ТППЕ Велес.

Дума.мк дознава дека изгорениот маж живеел сам во куќата.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.