Излезноста до 15 часот во Велес е 27,52%, во Чашка 53,19, во Градско 37,12%, во Росоман 46,46% и во Лозово 47,32%
Објавено на 19 октомври, 2025 во 16:09

На сајтот на Државната изборна комисија само што се ажурирани податоците за за излезноста на граѓаните со право на глас до 15 часот. Според овие податоци:
Во Општина Велес излегле и гласале 12.344 избирачи на 83 избирачки места од вкупно запишани 44.950 граѓани со право на глас.
Во Општина Чашка гласале 3.264 избирачи на 30 избирачки места од вкупно 6.141 граѓани со право на глас.
Во Општина Градско гласале 1.126 гласачи на 11 избирачки места од вкупно 3.038 евидентирани во Единствен избирачки список.
Во Општина Росоман до 15 часот своето право на избор го искористиле 1.531 граѓани од вкупно 3.297 на 10 извирачки места.
Во Општина Лозоло гласале 900 граѓани од вкупно запишани 1.905 избирачи на 9 избирачки места.
Убавка Јаневска


