Излезноста до 18:30 часот во Велес 40,06%  и до 17:00 часот во Чашка 65,50%, во Градско 47,51%, во Росоман 58,69% и во Лозово 61,09%

Објавено на 19 октомври, 2025 во 18:20

Општинската Изборна комисија Велес излезе со податоци како пресек на излезност до 18:30 часот. Според овие податоци во Општина Велес излегле и гласале 17.965 избирачи на 83 избирачки места од вкупно запишани 44.950 граѓани со право на глас.

Државната изборна комисија само што ги ажурираше податоците за излезноста на граѓаните со право на глас до 17 часот во останатите општини и тоа:

Во Општина Чашка гласале 4.019 избирачи на 30 избирачки места од вкупно 6.141 граѓани со право на глас.

Во Општина Градско гласале 1.441 гласачи на 11 избирачки места од вкупно 3.038 евидентирани во Единствен избирачки список.

Во Општина Росоман до 17 часот своето право на избор го искористиле 1.934 граѓани од вкупно 3.297 на 10 извирачки места.

Во Општина Лозово гласале 1.162 граѓани од вкупно запишани 1.905 избирачи на 9 избирачки места.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.