Измамен кавадарчанец за сума од 72.000 денари

Објавено на 12 јануари, 2023 во 10:17
Фото: Архива на Дума.мк

Четириесет и три годишен кавадарчанец, вчера, во Полициска станица Кавадарци пријавил дека бил измамен од една година помладиот кавадарчанец М.К за сума од 72.000 денари.

Поточно, според пријавеното, М.К му побарал податоци на оштетениот од неговата лична карта како и трансакциска сметка со цел некој негов пријател да му пушти пари бидејќи неговата сметка е блокирана. Откако парите биле пуштени на сметката, оштетениот кавадарчанец ги извадил парите и му ги дал на М.К. На 9 јануари, годинава, бил известен дека има за плаќање рата за брз кредит на негово име, по што сфатил дека е измамен.

Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека се работи на расчистување на случајот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.