Измамен велешанец за 4000 евра, пратил апарати за бела техника а пари не добил

Објавено на 17 август, 2024 во 13:30

Четириесет и седум годишен жител на велешко село, вчера,пријавил во Сектор за внатрешни работи Велес дека бил измамен од едно лице за сума од 251.110 денари. Измамата се случила на 29 јули, годинава. Тогаш измамениот маж користејќи мобилна апликација се договорил со измамникот за набавката на бела техника.

–Како што е пријавено, договорената стока била испратена во Скопје, во Чаир и била преземена од друго лице, но парите не му биле исплатени во договорениот рок по што наредната недела лицето веќе не било достапно, по што велешанецот сфатил дека е измамен, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Од таму додаваат дека се преземале мерки за расчистување на случајот.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.