Изводи во Велес не се издавале само два дена, тврди Управата за водење на матични книги и ја открива причината

Објавено: 20 август, 2025, во 17:20 часот

Управата за водење на матични книги признава дека минатата недела два дена немало образци за издавање на Изводи на родени и на венчани во Подрачната единица во Велес но исто така информира дека состојбата била нормализирана, во понеделникот на 18 август.

Шефот на кабинетот на директорот, на оваа државна институција, Ерхан Адеми, одговори на новинарското прашање на Дума.мк дали е точно тврдењето на Велешани дека изминатата недела во Подрачната единица во Велес родители на ученици кои за упис на своите деца во прво одделение имале потреба за добивање на Извод од Матична книга на родени како и граѓани на кои им требал Извод на венчани не можеле да ги добијат бараните документите. Ејупи, исто така, ги соопшти и причините коишто довеле до ваква ситуација категорично отфрлајќи го сомнежот дека недостатокот на обрасци го прекинало издавањето на документите.

-Станува збор за само два дена, во текот на минатата недела, кога во канцеларијата во Велес од технички причини не можеле да се издаваат Изводи од Матична книга на родени и на венчани. Тоа се случило во деновите четврток и петок, на 14 и на 15 август. Поради зголемениот обем на издавање на овие видови на документи предизвикан од зголемената потреба за упис на првачиња во училиште се создал проблем за кои веднаш било интервенирано и најдено решение, додаде Адеми.

Според него веќе во понеделникот, на 18 август, во подрачното одделение во Велес вработените ги издавале и овие покрај останатите барани документи од страна на граѓаните на Велес, Чашка и Градско.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.